За нас
Нашата мисија е да обезбедиме ефикасен и безбеден систем за собирање и пренасочување на електронскиот отпад, придонесувајќи за поодржлива и почиста животна средина.
За што се залагаме
- Безбедност: одговорно ракување со електроника и уреди со меморија.
- Грижа за животната средина: пренасочување од депонии преку сортирање и рециклирање.
- Едноставност: лесни барања за подигнување и јасна комуникација.
- Заедница: поддршка за почисти населби и подигнување свест.
Наш пристап
Собираме, сортираме и насочуваме електронски отпад во соодветни текови за рециклирање. Каде што е можно, поддржуваме повторна употреба за да се намали влијанието врз животната средина.
Заштита на податоци
Пред рециклирање, препорачуваме backup и бришење на податоци. За уреди со меморија, можете да наведете барање за уништување/бришење во пораката за подигнување.
Имате уреди за рециклирање?
Испратете барање и ќе ве контактираме со следните чекори.